Додека 31% од мажите сметаат дека се посигурни возачи, тоа за себе го тврдат 25% од жените зад воланот, а ова го покажува најновото истражување направено од страна на Hyundai.
Производителот на Кореја на автомобили, направи анкета во Велика Британија во која учествувале 2.000 возачи за да може да се дознае повеќе за нивните навики и стиловите на возење.
Истражувањето потврди постоење на пет основни карактеристики на стиловите за возење:
- Самоуверен возач 28%
- Чесен и пресметлив 24%
- Смирен 19%
- Нервозен 7%
- Агресинве 7%
Интересно е дека жените за себе почесто изјавувале дека се нервозни зад управувачот. Еве што уште учесниците во анкетата изјавиле за своите навики во возењето, а вие сами пресудете дели биле искрени:
92% од испитаниците рекле дека никога не свиреле кон други возачи во сообраќајот.
42% од возачите велат дека успоруваат и даваат предност на автобус при вклучување во лентата.
37% од испитаниците секогаш се заблагодаруваат на друг возач на позитивен гест.
20% од возачите признале дека забрзуваат кога на семафорот ќе се вклучи жолтото светло, за да можат да минат пред да се вклучи црвеното.