Рускиот пазар од ова лето е побогат за Renault Arkana. Овој SUV на Renault е специјално развиен за рускиот пазар каде францускиот производител преку Lada има најголемо пазарно учество.
Новиот член на Renault Групацијата предизвика голем интерес кај руските љубители на автомобили па така двајца блогери се решија да го споредат овој автомобил со руската Lada Vesta.
Цената на основните модели на двата автомобили изнесува околу 13 илјади евра, а под хаубата, Аркана има 1.3 литарски мотор со 150 КС при 250 Nm обртни моменти. Lada Vesta Sport пак, располага со 1.8 литарски мотор со 145 КС при 170 Nm обртни моменти.
Како излгедаше споредбата можете да погледнете на видеото во продолжение.