Кој е најпродаваниот автомобил во Латинска Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено пазарите во Европ, САД и Кина е особено значајни за секој производител. Но, малку се знае што всушност бараат купувачите и што најмногу се продава во Јужна Америка. Тој пазар е специфичен и доста различен од нашиот. Многу модели се слични, или идентични но со различни имиња. Покрај Јужна Америка при броењето се земаат податоците и од земјите од Средна Америка, кои се од шпанско и португалско говорно подрачје, формирајќи ја Латинска Америка.

Неофицијалните продажни резултати за овој регион покажуваат дека најпродаван автомобил на овој континент е Chevrolet Onix. Моделот Onix кој се произведува во Бразил забележа продажба од нешто над 250.000 примероци.

На втората позиција со пораст на продажбата од 4,4% во споредба со 2018 година и продадени 157.361 примерк се најде Ford Ka. По овие мали автомобили, на третта позиција со продадени 115.057 примероци се рангираше Toyota Hilux.

Во најпродаваните пет автомобили се наоѓаат уште и Nissan Versa со продадени 111.357 примероци како и малиот градски автомобил Volkswagen Gol со 108.560 примероци и пад на продажбата од 9,1%.

Во топ 10 најпродавани автомобили се наоѓаат уште и Renault Kwid (104.137), Hyundai HB20 (95.723), Chevrolet Prisma (87.812), Nissan Kicks (82.282) и Volkswagen Polo (84.084).

Најголеми поединечни пазари на овој регион за минатата година беа Мексико, Аргентина и Бразил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK