Податоците објавени од страна на агенцијата JATO Dynamics покажуваат дека само 13 модели успеајада забележат подобрување на европскиот пазар во април.
Од нив 12 се претставници на премиум брендови, а тука се вклучени: Audi – E-Tron (од 963 на 1307), BMW- X7 (од 202 до 341) и X6 (од 405 на 471), Porsche – Cayenne Coupe (од 68 на 210) и Mercedes- EQC (од 42 на 409), GLE (од 1047 на 1272) и GLS (од 174 на 195). Исклучокот се нарекува SKODA, со нејзината Scala и пораст од 713 на 1763 примероци.
Најпродаван нов автомобил во Европа во април продолжува да биде Volkswagen Golf (7.810), а потоа во Топ 5 е наоѓаат Skoda Octavia (6.529), Renault Clio (6.370), Ford Focus (4.971) и Opel Corsa (4.198).
Податоците на JATO Dynamics покажуваат дека најпродаван plug-in хибрид во април во Европа е Volkswagen Passat со 981 реализиран примерок. На второто место е Mitsubishi Outlander со 920 примероци, додека на 3. место е Volvo V60 со 897.
Со 2.278 продажби, Tesla Model 3 е лидер кај целосно електричните модели на европскиот пазар. На 2. место во рангирањето за април е Renault Zoe, со мала разлика (2112), додека на третата позиција е Volkswagen Golf со 1.634 продажби.
Кај хибридите што не се полнат единствен лидер со свои модели на првите четири места е Toyota. Како целост, резултатот на автомобилските продажби во Европа во април е на ниво од 292.600 примероци спроти 1,34 милиони во истиот месец во 2019 година.