Кој бренд продаваше најмногу во август во Европа? (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци на Агенцијата JATO Dynamics која се занимава со истражување на пазарот на нови автомобили покажуваат дека во август 2017 во Европа биле продадени 899.272 нови автомобили, што претставува зголемување од 5,4% во споредба со август 2016. Убедливо најмногу продава Volkswagen, единствен што има шестцифрена бројка, односно 101.784 возила.

Германскиот производител има пад во продажбата од 4,4 отстом но и покрај тоа е лидер и има 25,37 отсто од пазаров на нови автомобили. Гледано на продажбата од почетокот на годинава, Volkswagen повторно е убедлив пред другите и има речиси за 400.000 повеќе продадени возила (1.136.861) во однос на Renault (758.270).

Според податоците на JATO Dynamics, втората позиција во август е за Mercedes со раст од 9,2% до 58.680 единици, а на трето со зголемување од 11,4% е Renault.Француската марка го завзема второто место на крајот на првите осум месеци од годината со подобрување од 5,6% до 758 270 единици, а на трето за истиот период е Ford со 720 312.

Кај моделите, во месец август Volkswagen е на врвот со моделот Golf, од кој во август се реализирани 30.986 единици (+ 5,1%) и 304. 943 (- 8,8%) од почетокот на годината.

На второ место со раст од речиси 32% до 16.859 единици во август се наоѓа Renault Clio, а на трето место е Skoda Octavia (+ 11,6%). Во првата петорка влегуваат уште Volkswagen Tiguan (-2.4%, 13 936) и Dacia Sandero (+ 16,8%, 13 828).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK