Кој автомобилски бренд најмногу го „гуглаат“ Македонците (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонска Toyota го загуби приматот што го имаше неколку години за најпродаван автомобилски бренд во светот, но затоа е се уште прв на една друга листа. Кога станува збор за пребарување на интернет преку google тогаш Toyota е убедливо прва.

Една студија на британскиот продавач на авто делови Quicko покажал дека Toyota е најчесто пребаруван автомобилски бренд во светот, и во дури 71 земја е на врвот од листата. На второто место се наоѓа BMW кој е прв во 51 земја, а трет е Hyundai кој е третопласиран на оваа листа со први места во 17 земји.
Овие три бренда прават 73 отсто од сите пребарувања во светот. Анализата покажала дека луѓето не се националисти и не пребаруваат за нивните домашни марки. Само во четири земји нивните национални брендови се на врвот: BMW во Германија, Renault во Франција, Fiat во Италија и Volvo во Шведска.

Во Македонија најчесто пребаруван автомобилски бренд е BMW, слично како и во многу други земји од соседството. Во нашето опкружување само во Албанија најпребаруван бренд е Mercedes, a во сите други земји владее BMW.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK