Со заработувачката што ја имаат, а која е навистина голема барем за обичниот човек, и тоа на неделно ниво, фудбалерите во Премиерлигата најчесто си дозволуваат да имаат многу луксузни предмети во нивна сопственост. Автомобилите се нивната пасија, но не секогаш богатите фудбалери се решаваат за многу скапи и егзотични возила.
Она што е сигурно, и тие ги сакаат СУВ возилата, особено Range Rover Evoque. На листата на десетте најпопуларни возила има секако и скапи и егзотични модели.
Листата направена од страна на JBR Capital покажува дека ова се најпопуларните модели меѓу фудбалерите.
1. Range Rover Evoque
2. Lamborghini Aventador
3. Mercedes-Benz Onyx G6 GLE Coupe
4. Bentley Continental GT
5. Ferrari F12 Berlinetta
6. Lamborghini Huracan
7. Jeep Wrangler Kahn Sahara
8. Porsche 911 GTS
9. Bentley Bentayga
10. McLaren 675LT Spider
Најголемиот дел од возилата се сериски модели, но има и такви што се подготвени од тјуниг компании како што се Mercedes-Benz Onyx G6 GLE Coupe и Jeep Wrangler Kahn Sahara.