Кои земји од регионот имаат најмногу автопати?

ОБЈАВЕНО НА:

Автопатиштата се клучниот инфраструктурен сегмент за развој на транспортот, туризмот и економијата во целост. Ова особено е важно за земји со релативно мала површина каде е неисплатливо користењето на алтернативен вид на транспорт (пр. авионскиот транспорт).

Во последните неколку години земјите од регионот значително инвестираат во развојот, рехабилитацијата и изградбата на автопатишта. Србија, Хрватска и Косово се земјите кои активно ги спроведуваат стратегиите за развој на инфраструктурата.

Според официјалните податоци, во земјите од регионот односно поранешна Југославија, најмногу автопатишта има во Хрватска. Така во оваа земја вкупната должина на автопатиштата изнесуваат 1.314 км. На втората позиција се наоѓа Србија со 962 километри па следува Словенија со 692 километри. Македонија со 242 километри се наоѓа на четвртата позиција.

Во Босна и Херцеговина, благодарение на последните изградени автопатишта, пред се оној од Бања Лука до Тузла, вкупната должина на автопатиштата изнесува 208 км додека во Косово 170 км. Најмалку или воопшто, автопатишта нема во Црна Гора. Тоа се должи на ридско-планинската конфигурација на земјата.

Според густината на мрежата на автопатишта односно според показателот метри автопат на еден квадратен километар, Словенија со 34,1 метар на километар квадратен се наоѓа на првата позиција. Македонија со 9,4 метри на километар квадратен се наоѓа на петтата позиција, единствено пред Босна и Херцеговина и Црна Гора.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK