Кои возила се најбарани во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Со порастот од 8,1 процент во барањето за првите пет месеци на годината, но и со пад од 2,5 проценти во мај,  Volkswagen Golf продолжува да биде најбараното возило на европскиот пазар. Во текот на минатиот месец од моделот се продадени 47.580 нови примероци, а од почетокот на годината 242.740.

Според податоците од агенцијата Focus2Move, на второ место, како за мај така и за периодот од почетокот на годината, се наоѓа VW Polo со резултати 36.869 (-4.5%) и 161.157 (-3.6%). На 3. место е Renаult Clio со 34.698 (-0.4%) и 160.952 (+0.3%).

В Топ 10 на најбараните нови возила во Европа за првите пет месеци од годината влегуваат и: Ford Fiesta (135.923), Nissan Qashqai (132.087), Skoda Octavia (125.468), VW Tiguan (125.298), Ford Focus (116.987), Peugeot 208 (112.998) и Citroen C3 (101.008).

Со одлично пазарно претставување кон крајот на првите пет месеци од оваа година можат да се пофалат и од Peugeot со 5008 (+206.6%), Skoda со Kodiaq (+135.8%), Lada со Vesta (+43.9%), Peugeot 3008 (+33.9%), Ford EcoSport (+33.9%) и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK