Кои возила поминуваат најмногу километри годишно?

ОБЈАВЕНО НА:

При купување на половно возило често пресудно е колку истото поминало во периодот додека бил кај тој сопственик. Често се рекламира дека возилото има малку километри, дека е градско и истото не било многу користеено, или дека било во некоја фирма и се користело само на средни дестинации. И секогаш прашањето е дали постои поврзаност меѓу големината на возилото и изминатата километража?

Според една студија на auto.ru, авто сајт за употребувани возила, одговорот на ова прашање е дефинитивно позитивен, а објаснувањето е многу едноставно.
По анализата на километражата на илјадници половни автомобили се чини дека колку поголема е класата на моделот, толку поголема е километражата. Ова е сосема логично, бидејќи малите автомобили најчесто се купуваат за патувања на кратко растојание во градот, а не за долги патувања.

Европскиот систем за класификација беше искористен за спроведување на истражувањето. Во сегмент “A” се градските возила, во “Б” – субкомпактните модели, во “Ц” – компактни, “Д” е среднат акласа, “Е” – бизнис моделите, а “J” е за теренец и кросовер.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека сопствениците на автомобили од “А” класата поминуваат во просек по 10.400 километри годишно. Во сегментот “Б”, опсегот е 15.400 км и во класата “Ц” – речиси 16.000 км.

Најголем број километри минуваат во Д сегментот, во просек по 17.400 возила годишно. Кросоверите и СУВ се рангираат на четвртото место.

Некои модели од оваа класа, сепак се користат за намената за долги патувања и километражата им е блиска до максималната вредност во целото рангирање – пример Kia Mohave и Toyota Land Cruiser (по 19 000 км). Меѓу “шампионите” по модели се Skoda Rapid (19 600 км), Skoda Octavia (18 400), Audi A6 (18 300) и BMW X5 (18 100).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK