Кои се Топ-10 најпопуларни градски возила во В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Малите градски автомобили не се многу популарни во Велика Британија, но и покрај тоа, британскиот магазин за автомобилизам AutoCar направи рангирање на најдобрите 10 во моментов.

Цената, економичноста, трошоците за одржување, перформансите, пространоста се само дел од параметрите врз основа на кои едиторите во овој магазин го направија рангирањето.

На листата се најде Hyundai i10 особено поради екстериерниот дизајн и економичниот мотор. Потоа следи и најмалиот Volkswagen, моделот Up. Тука се и сестринските модели на Up: електричните Skoda Citigo и Seat Mii.

На оваа листа место има и за Kia Picanto. Овој јужнокорејски автомобил на оваа листа се најде поради истите причини како и Hyundai i10.

Fiat како производител со најголем пазарен удел во Европа во овој сегмент учествува со два модели: Fiat Panda и бестселерот Fiat 500. Секако на листата се и Suzuki Ignis како и Toyota Aygo, а место има и за Dacia Sandero.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK