Кои се Топ-10 градови што имаат одржлив транспорт

ОБЈАВЕНО НА:

Најголем проблем на големите градови е сообраќајниот хаус, метежот и долгото време минато во чекање додека се стигне до посакуваната дестинација. Но, сепак има и такви градови каде постои одржлив транспорт, односно мали проблеми со транспортот, метежот и другите индикатори што укажуваат на добро планирање.

Хонг Конг ја предводи табелата за одржлива урбана мобилност според индексот Аркадис 2017. Студијата разгледувала 100 големи градови во контекст на 23 различни индикатори за да се процени мобилноста и одржливоста на нивните транспортни системи.

Азискиот мегаполис го доби местото благодарение на својата добро поврзана и иновативна транспортна мрежа која им служи на импресивните 12,6 милиони патници секој ден. Локалните услуги во секторот, исто така, се сметаат за ефтини во согласност со меѓународните стандарди.

Другите два азиски градови во Топ-10 се Сеул и Сингапур. Овој вториот е релативно поназад рангиран поради неговата не многу добра велосипедска инфраструктура. Во остатокот од Топ-10 градови доминираат европските градови: Цирих, Париз, Прага, Виена, Лондон, Стокхолм и Франкфурт.

Впечаток е дека нема американски градови во рангирањето. Во врска со тоа, интересно е да се забележи дека Њујорк, кој претходно беше на чело на рангирањето, сега е на 23-то место. Ова нешто се совпаднало со фактот што њујорчани во текот на целиот викенд собрале вкупно 35.000 часа за чекање возови. Сепак, транспортот на „големото јаболко“ е добро организиран, мрежата е екстензивна и 24-часовна. Градското опкружување е исто така добро прилагодено за луѓето во инвалидски колички.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK