Кои се седумте убавци од саемот во Женева (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Женева имаше голем број на автомобили коишто беа претставени пред европската јавноста, а покрај тоа што беа направени листи за најмоќните возила има и листа на која се најдоа оние возила кои оставија впечаток со изгледот.

Во најдобрите седум се најдоа возила од различни компании, а немаше конкуренција за новото BMW M8 Gran Coupe Concept, кое се најде убедливо на врвот.

Секако интересно е да се види кои се седумте најубави возила од саемот во Швајцарија.

  1. Volvo V60

Станува збор за караван. Со преминувањето на Volvo во сопственост на гигантот од Кина, Geely успеа да ја врати старата слава. Единствениот дизајн кој е дел од V60 едноставно плени. Посебно е вреден за пофалба ентериерот кој е драстично поубав од она што може да се види кај конкурентите од Германија.

  1. Rimac C_Two

Најмоќното возило на саемот во Женева кој има 1914 коњски сили по хаубата и максимален број на вртежи од 2300 Nm е допадлив и за око. Посебно во око упаѓаат вратите коишто имаат модел на „пеперутка“.

  1. Peugeot 508

Новата генерација на Peugeot 508 ги мами воздишките и донесува неопходна свежина во малку традиционалниот D сегмент. Peugeot цврсто ја држи позицијата субпремиум марка со новиот изглед на 508 и единствен ентериер се поставува прашањето дали можат Французите да им украдат дел од клиентите на конкурентите од Германија.

4. Ford Mustang Bullit

Ова не му е прв настап пред публиката, но е премиера пред Европјаните. Во прашање е модел кој користи петлитарски V8 агрегат кој развива 475 коњски сили. Инаку, се работи за моделот кој се појавува во филмот Bullit со Стив Меквин.

  1. Ferrari 488 Pista

Едно од најмоќните возила на саемот во Женева, од кое се очекуваат добри резултати во продажбата во 2018 година. Се работи главно за возило коешто се очекува да доминира на тркачките патеки.

  1. Mercedes AMG GT

Премиерата на ова возило се чекаше долго. Најавуван е како екстремен наследник на CLS, а привлече големо внимание во Женева. Во прашање е големо купе со четири врати, многу атрактивни линии, а еден дел од автомобилот околу кој има спор меѓу љубителите е изгледот на задниот дел.

  1. BMW M8 Gran Coupe Concept

Големо купе со четири врати коешто се најде на врвот на листата на најубави возила на саемот во Женева. Ова возило ја воодушеви јавноста и на дизајнерите треба да им се честита за она што успеале да го направат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK