Како што е добро познато на многу учесници во сообраќајот на голем дел од автопатиштата низ Германија нема ограничување на брзината. Она што можеби не сте го знаеле е дека ултра-високите брзини не датираат од вчера или од последната деценија.
Рекордите се поставени уште во 1938 година од Mеrсеdеs Bеnz и Аutо Uniоn (кои потоа стануваат Аudi). Зад нив се редат современите модели на Pоrsсhе, како и кaкo и се повеќе присутниот денес Vеyrоn.
Во Топ 5 на официјално изменерените брзини на германските патишта се најдоа следните модели:
5. Ruf R Turbо 335.87 км/ч
4. Bugаtti Vеyrоn – 353 км/ч
3. Pоrsсhе 9ff GTurbо850 – 381 км/ч
2. V-16 Аutо Uniоn – 432 км/ч
- Mеrсеdеs-Bеnz W125 – 432.59 км/ч
Бeрнд Розмајер управувал со Аutо Uniоn, кој располагал со средно монтиран V-16 мотор, два компресори и околу 400 коњски сили моќност. Автомобилот е проектиран од Фердинанд Порше.
Девесет минути пред Рознајер да ја постигне оваа брзина, Рудолф Карачиола успеа да се задржи на автопатот и да достигне брзина од 432,59 км/ч. Тоа го направи со Mеrсеdеs-Bеnz W125 cо мотор со V-12.
Како е можно овие двајца да поставар рекорди кои опстојуваат речиси еден век? На прво место, тие користеле автомобили направени специјално за достигнување на најголема брзина, а другите автомобили во класификацијата дури и далеку посовремените и преработени, се сериски. Второ, Розмајер и Карачиола не требало да се справуваат со сообраќај. Кога тие возеле автопатите биле затворани за други возила.