Кои се највредните автомобилски брендови за 2017 година

ОБЈАВЕНО НА:

Престиж е да се биде најголем производител, да се продава најмногу, да ти се цени брендот, но многу фактори влијаат на вредност на самиот автомобилски бренд.
Овогодинешното издание на Top 100 бреднови на Interbrand ги рангира 16 марки за автомобили и мотоцикли.

Со највисока оценка и највреден бренд останува да биде Toyota која е проценета на 50,291 милијарди долари, но брендот е единствен каде е забележан и пад (-6%) во споредба со минатогодишното рангирање.
На второ место е Mercedes-Benz со раст од 10% до 47,829 милијарди долари, а во првите три влегува уште и BMW со 41,521 милијарди долари, без промена во вредноста,

Во Top 100 Brands на Interbrand се наоѓаат уште:
Honda со раст од 3% до 22,696 милијарди долари,
Ford (+ 5%, 13,643 милијарди),
Hyundai (+ 5%, 13,193 милијарди),
Audi (+ 2%, 12,023 милијарди),
Nissan (+ 4%, 11,534 милијарди),
Volkswagen (+ 1%, 11,522 милијарди),
Porsche (+ 6%, 10,129 милијарди),
Kia (+ 6%, 6,681 милијарди),
Land Rover (+ 7%, 6,095 милијарди)
Harley-Davidson (+ 3%, 5,671 милијарди), MINI (+ 3%, 5,114 милијарди),
Ferrari (нова во Топ 100, со 4,876 милијарди) и Tesla (0%, 4,009 милијарди)

Повторно лидер во Top 100 Brands на Interbrand е Apple со проценка од 184,154 милијарди долари (+ 3%), а во Топ 3 се уште и Google (+ 6%, 141,703 милијарди) и Microsoft (+ 10%, 79,999 милијарди )

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK