Кои се најпродаваните СУВ и кросовери за 2017 година

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година беше одлична на полето на кросоверите односно кај продажбата на овие возила. Кросоверите и СУВ моделите заземале над една третина од светскиот пазар, а бројките велат дека се продадени над 30 милиони возила. Тоа е воедно и пораст од 11,3 проценти во однос на 2016 година.

Во сегментот на СУВ моделите 57,2 проценти од продажабта е на моделите од класата С и тоа оние возила со должина од 4,2 до 4,5 метри, додека поголемите модели држат 35,2 проценти од пазарот.

Субкомпактните кросовери од сегментот В достигнале до 5 проценти од пазарниот дел, но кај нив е најголемиот пораст кај СУВ автомобилите бидејќи зголемувањето во однос на 2016 година е за дури 18 проценти.

Најголемиот пазар на овој тип возила е Кина (36,3% од светските продажби), а потоа следува САД со 24,7 проценти.

После тригодишна пауза на врвот на продажбите се врати Toyota RAV4, откако меѓу 2014 и 2016 година на првото место беше Honda CR-V.

ТОП 10 НА СУВ И КРОСОВЕРИ СПОРЕД ПРОДАЖБА

  1. Toyota RAV4 – 800 676 возила
  2. Honda CR-V -757 417
  3. VW Tiguan – 718 773
  4. Hyundai Tucson – 619 622
  5. Haval H6 – 506 853
  6. Nissan Qashqai – 498 235
  7. Nissan Rogue – 449 259
  8. Nissan X-Trail – 430 325
  9. Kia Sportage – 425 178
  10. Mazda CX-5 – 410 468
Следете не и на:

24AUTO NETWORK