Кои се најпродаваните пикапи во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Пазарот во Европа на нови пикап возила забележа раст од 8,4 проценти што е 59.200 возила во првите четири месеци од оваа година. Од JATO Dynamics велат дека и покрај понискиот раст, барањето на нови повеќефункционални автомобили продолжува да се зголемува, а пазарниот дел се има подобрено од 8,2 проценти за периодот јануари-април 2017 до 8,6 проценти минатиот месец.

Најголемата побарувачка на пикапи има во Велика Британија каде и покрај падот на општата реализација на лесните автомобили од почетокот на годината, продажбата на пикапите се има покачено за 1,3 проценти што е некаде 18.500 возила. За 7,1 процент се зголемила продажбата во Германија, а потоа следуваат Франција, Шпанија и Шведска.

Најпродаваниот пикап во Европа е Ford Ranger со 15.100 продадени возила во првите четири месеци од годината, а потоа следуваат Toyota Hillux и Nissan NP300/Navara. Вo првата петка се наоѓаат и Mitsubishi L200, Volkswagen Amarok и Isuzu D-Max.

Од JATO Dynamics објавуваат и детали за пазарното претставување на трите најнови пазарни модели на европскиот пазар, а се работи за Fiat Fullback, Mercedes X-Class и Renault Alaskan. Продажбата е на ниво од 5400 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK