Кои се најпродаваните електромобили во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот пазар во Европа има нов лидер кај електромобилите, а се работи за Nissan LEAF. Во текот на првите пет месеци од годината кај барањата за целосно новата генерација на првиот достапен електричен модел во светот се забележува раст од 56 проценти одновно забележана е продажба на 14.566 возила.

Податоците на агенцијата JATO Dynamics посочуваат дека на второ место, со подобрување на бизнис позициите од 6 проценти до ниво од 13.511 продажби е Renault ZOE, додека на 3. позиција е електричната верзија на Volkswagen Golf со пораст од 240% што е точно 8118 продадени возила.

Во Топ 10 на најпродаваните електромобили во првите пет месеци од годината влегуваат уште BMW i3 (6941), Tesla Model S (5745), smart fortwo (3655), Tesla Model X (3520), Hyundai Ioniq (3454), Kia Soul (3174) и smart forfour (1857).

Кај автомобилските групи, лидер на пазарот на електромобили во Европа е Renault-Nissan с со пазарен дел од 41 процент, а потоа следуваат Tesla и Volkswagen со по 13%, BMW Group со 10%, Hyundai-Kia со 9.6% и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK