Кои се најпродаваните брендови во првите пет месеци од годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Според последните податоци од агенцијата Focus2Move, Renault-Nissan алијансата што го опфаќа и Mitsubishi продолжува да ја намалува разликата во однос на најпродавните брендови, и да им „дише во врат“ на Toyota и на Volkswagen.

Според податоците за периодот јануари-мај 2017 година Renault-Nissan продале 4.176.001 возило, и се една од трите компании со над 4 милиони продадени возила. Оваа алијанса има пораст од 8,2 отсто од почетокот на годинава. Второпласираниот Volkswagen има пад од 0,1 отсто, додека лидерот Toyota се искачи на ова место со порастот од 3,3 отсто.

Ако се гледаат податоците само за месец мај, тогаш Volkswagen има најдобра продажба, 865.284 возила (+14,9 отсто), пред Toyota со 847.818 (+ 23,1) и Renault-Nissan со 841.142 возила (+36,6 отсто).

Најголем пораст има кај Geely Group каде се бројките и на Volvo, и тие во првите пет месеци имаат пораст од 46,2 отсто за 678.870 продадени возила, а само во мај таа бројка е 126.573 возила (- 55,2 отсто).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK