Експертите од аналитичката агенција ЈATO Dynamics објавија статистика од продажбата на новите автомобили ширум светот. Класификацијата се однесува на првата половина од 2018 година и опфаќа 56 клучни пазари низ целиот свет.
Статусот на најпродаван автомобил одново го има пикапот Ford F-Series. Со резултат од 534.827 продадени примероци, овие возила бележат пораст од 3% во однос на истиот период во минатата година.
На 2. место се најде јапонскиот седан Toyota Corolla (без да се сметаат продадените примероци од хечбекот Auris). Јапонците успеаја да реализираат 478.122 автомобила во првите шест месеци од годината, кое исто така е пораст ос 1,2% во однос на истиот период во 2017 година.
И покрај крајот на својот животен циклус, седмата генерација на Golf сè уште е актуелна на многу места низ светот. Третата позиција во класификацијата на светските автомобилски бестселери е за европскиот лидер Volkswagen Golf (431.837 продадени возила и раст од 0.6%).
Во топ 10 на светските бестселери влегуваат уште и Honda Civic и Toyota RAV4, која го помести Nissan X-Trail на шестата позиција и се претвори во најпродаваното СУВ возило на светот. После тоа се редат Volkswagen Passat, Honda CR-V, Honda HR-V и Chevrolet Silverado.
Интересно е уште и тоа дека во топ 50 веќе има место и за „чистокрвни“ кинески автомобили. На 19. позиција е миниванот со има Wuling Hongguang, додека на 26. Место е СУВ возилото Haval H6.
Пазарниот лидер за првото полугодие очекувано е Кина, а ја следат САД и Јапонија. После нив се наредени пазарите во Индија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Бразил и Канада.