Кои се најпребаруваните електрични возила во Македонија и на Балканот

ОБЈАВЕНО НА:

Nationwide врз основа на податоците на Google создаде мапа на најпребарувани електрични возила во секоја земја.

Уште на прв поглед може да се утврди дека светската доминација припаѓа на Tesla Model 3 и BMW i8.

Моделот на американскиот производител е најпребаруван во Северна Америка, Перу, Боливија, Јужна Африка, Мадагаскар, но и Кина, Индија, Австралија и Нов Зелен. Овој модел доминира и во Европа каде е најпребаруван во Норвешка, Шведска, Велика Британија, Исланд, Италија, Германија, Франција, Шпанија….

Доколку се погледне Балканскиот Полуoстров може да се забележи дека на Балканот само во Македонија и Косово овој Model 3 е најпребаруван додека во останатите земји доминираат BMW i8.

Германскиот модел е најпребаруван во Бразил, Русија, Јапонија, Јужна Кореа, Индонезија, Саудиска Арабија, Турција, Сирија, Португалија, Полска, Белорусија, Австрија и речиси во цела Африка.

На мапата фигурираат и Mitsubishi Outlander PHEV, Nissan Leaf, McLaren P1, Tesla Model X, Toyota Prius и Renault Twizy.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK