Кои се најпопуларните СУВ брендови во Германија?

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат лица кои би сакале да се забрани возењето на теренци во центарот на градот, а други кои ги сакаат овие возила повеќе од сè. Мислењата се поделени во однос на темата „СУВ“ во Германија. Едно е сигурно, а тоа е дека и покрај сите критики, крајот на бумот несе гледа. И кој бренд „вози“ во најбрзата лента во корист на клиентите?

VW е најуспешниот бренд за СУВ во Германија. Оваа компанија има продадени вкупно 147.953 такви возила во 2020 година и е значително пред Mercedes. Ја следи компанијата со база во Штутгарт со 87.496 продажби, правејќи скок од 5. место во 2019 година до второто место во рангирањето.

BMW е точно зад Mercedes сo 84.768 продажби. Го следат Audi (78.831) и Skoda (67 444). Tакви се податоците од Федералниот орган за автомобилски транспорт (KBA). VW располага и со два најпродавани теренци во понудата.

Како и во 2019 и 2020 година, Tiguan е  најпопуларниот СУВ во Германија со 60.380 реализирани примероци, а следен е од VW T-Roc со 50.822. Mercedes GLC следува на 3. место со 41.791 продадени автомобили. Hyundai Kona сo 31.557 и BMW X1 (28.551) исто така беа многу барани.

СУВ автомобилите се веќе најпродаваниот сегмент за некои брендови. Меѓу десетте најсилни брендови во оваа насока Hyundai имаат највисок дел во целата понуда на СУВ моделите – 48 проценти, а следува Seat со 45 проценти. Кај Volkswagen, Mercedes, Ford, Opel и Renault, делот на СУВ – автомобилите во понудите е максимум 30 проценти.

Теренците сè почесто се доставуваат не само со моќен мотор со внатрешно согорување, туку и како plug-in хибриди. Според статистиката околу 42 проценти од сите нови хибридни регистрации во 2020 година се за овој тип СУВ. Делот на plug-in хибридите веројатно ќе се зголеми во 2021 година бидејќи претстои пуштањето на многу модели со хибриден погон како новите Tucson и Santa Fe од Hyundai, Kia Sorento, Q3 и Q5 од Audi и E- и F -расе од Jaguar.

Најуспешниот plug-in хибрид во 2020 година е Mercedes GLC со 10.528 продадени бројки, следени од  Audi Q5 (10.001), Mitsubishi Outlander (8.155), Ford Kuga (6.304) и BMW X1 (4.717).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK