Кои се најпопуларните автомобили за водење на љубов

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите отсекогаш биле место каде младите сакале да водат љубов. Сепак, има различни причини поради кои го прават тоа. Една од причините е во тоа што родителите им се дома, па таму не можат да се опуштат. Друга причина е во фактот што има поголем налет на адреналин при водење љубов во автомобил.

А летото е полно со љубов. На море, планина, паркинг, град најважно е покрај себе да ја имате саканата личност. И сѐ друго оставете на времето.

Затоа еве во кои автомобили најчесто се води љубов. Нормално е дека има и други..

Renault Clio

Вистински љубовен автомобил, а иако се работи за многу мало возило одлично е за секс. Анонимни лица кои биле испитувани изјавиле дека малото Renault е вистински предизвик бидејќи поради авантуристичкиот дух предизвикува голем налет на адреналин, а со тоа и сексот станува поинтересен.

Комби

Некои премногу сакаат простор, а се изјаснуваат дека комби со неколку редови на седишта дава можност за сите позиции, стоечки во среди или лежечки во делот наменет за багаж.
Се истакнува и како во комби е помала можноста за повреда на главата поради зголемениот кров на автомобилот. Opel Vivaro доби најмногу гласови, додека Renault и Peugeot го следат во чекор.

Pick-up

Постојат и такви на кои затворениот простор за целосна авантура, па некои бираат pick-up возило како иделано за водење љубов. Наведуваат дека на почеток е поинтересно зад затворени врати, но кога работите ќе се вжештат, едноставно се префрлаат на просторот за товар кој има доволно место за непречено да се ужива до крај. Во оваа група во прв план се Pathfinder (Nissan) и  Amarok (Volkswagen), додека некои би сакале да го испробаат и Mercedes X-Classe.

Volkswagen Golf

Не е воопшто чудно што секс во Golf е многу популарен кога знаеме колку и автомобилот е популарен. Иако ги има сите модели, најчесно Golf V е главна „жртва“ за водење на љубов на младите двојки.

Во автомобилот на мама

Како и сите на светот, она што не смее да се направи, најмногу нè привлекува, па така поголемиот дел од младите се одлучуваат за автомобилот на мама веројатно бидејќи таа го забранила тоа. А како и не би го направиле тоа кога мајките најчесто возат BMW 320d или Audi A4 и во најголемиот дел од случаите се попедантни и поуредни од таткото.

Кој било автомобил со голема хауба

Голем број од анкетираните дами имале пожешки одговори од мажите. Тие се некако срамежливи, а дамите истакнуваат и додаваат дека нема подобро чувство, особено во зима кога ќе се најдат со грбот на топла хауба и додаваат дека Ford Mondeo е речиси совршен за оваа врста на авантура.

Ако имате друго мислење, слободно испратете ни го…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK