Toyota се искачи на првото место како највредна автомобилска марка во светот, а Mercedes и BMW го комплетираа подиумот. Во Топ-10 нема ниту еден француски производител
Секоја година, Интербренд, американска консултантска компанија, го прави рангирањето на „најдобрите брендови“ во светот, поставувајќи ги еден по друг со пресметување на вредноста на секој поединечен бренд. Вредност сфатена во економска смисла и не само таа, туку се земаат предвид и други индикатори како што се улогата во рамките на неговиот референтен пазар, стратегија, управување и многу повеќе.
Рангирање уште еднаш е предводено од Apple и кое обединува и многу брендови од автомобилскиот свет, каде на Toyota и гледаат во грбот многу нејзини конкуренти.
Ова лидерство на јапонците трае неколку години, и с енаоѓа на шестата позиција во генералниот пласман, зад Apple, Microsoft, Amazon, Google и Samsung, Toyota има раст од 13% во однос на 2023 година за вкупна проценета вредност. на 72,8 милијарди долари.
На второ место како автомобилска марка и осми во целина е Mercedes, со пад од 2023 година (-4%) и вреди 58,9 милијарди долари. Во Топ-10 с енаоѓа и BMW, со +2% и вредност од 52 милијарди долари.
Најдобри глобални брендови за 2024 година, Топ 10
1 Apple -4% 488,9
2 Microsoft + 11% 352,5
3 Amazon + 8% 298,1
4 Google + 12% 291,3
5 Samsung + 10% 100,8
6 Toyota +13% 72,8
7 Coca Cola + 5% 61,2
8 Mercedes -4% 58,8
9 McDonalds +4% 53
10 BMW +2% 52
Фокусирајќи се само на автомобилските марки присутни во рангирањето на Интербренд, Tesla е на дванаесеттата позиција и мораме да се спуштиме на дваесет и шестото за да најдеме друга марка на автомобили – Honda. Hyundai за прв пат влегува во топ 30, а потоа следат Porsche (43), Audi (45), VW (49), Ford (56), Nissan (59), Ferrari (62), KIA (86) и Land Rover ( 96), кој за прв пат влегува во топ 100.
Сите марки со растечки вредности според Interbrand, со исклучок на Mercedes (-4%), Tesla (-9%) и Ford (-3%), и покрај прилично тежок период за автомобилскиот свет.
Toп-10 автомобилски брендови во 2024
1 Toyota +13% 72,8
2 Mercedes -4% 58,9
3 BMW +2% 52
4 Tesla -9% 45,5
5 Honda +9% 26,7
6 Hyundai + 13% 23
7 Porsche +7% 17,4
8 Audi +6% 17,3
9 Volkswagen +4% 53
10 Ford -3% 52