Кои се најголемите производители на електрични возила за минатата година

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните возила бележат се поголема популарност, а истата се огледа во континуираниот пораст на нивната продажба. Така во текот на целата мината година ширум светот се испорачани 2.141.311 целосно електрични автомобили.

При тоа, само пет производители имале пазарен удел од речиси 60%, односно 1.274.508 возила. Очекувано, најмногу возила има испорачано американскиот производител Tesla.

Така во текот на целата мината година, Tesla, на глобалниот пазар испорача 499.535 електрични возила што претставува пазарен удел од 23%. На втората позиција се најде кинескиот производите SAIC со продадени 243.201 електрично возило што претставува 11% од вкупната продажба.

Најдобар европски производител на електрични возила е Volkswagen Групацијата со продадени 227.394 возила, а потоа следи Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата со 172.673 примероци. Во топ 5 се наоѓа уште BYD од Кина со продадени 131.705 електрични возила.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK