Кои се најекономичните автомобили на бензин?

ОБЈАВЕНО НА:

Во сè потешката економска ситуација голем дел од возачите се решаваат за погонско гориво што е најприфатливо за нив и секако најмногу ќе одговара на семејниот буџет. Кај нас ретко се наоѓа бензински пумпи со различна цена на горивата, па нема многу калкулации од каде ќе се наполни резервоарот.
Поважно е да се вози квалитетно гориво. Треба да се знае дека добриот бензин не може да биде многу евтин. Како реакција на тоа, економичните бензинови автомобили ќе станат сè побарани на пазарот.

Современите производители посветуваат големо внимание на создавањето на автомобили со минимална потрошувачка на гориво.

Најевтините бензици се главно малкулитражните автомобили. Една таква селекција можете да видите и во продолжение на популарните модели кои радуваа со својата економичност.

Kiа Piсаntо

Првиот автомобил во класификацијта е хечбек со пет врати, а како стандард се нуди мотор со обем од 1.0 литар и моќност од 67 коњски сили. Потрошувачката на гориво за ова возило од Кореја варира од 4,3 до 5,8 литри на 100 километри.

Fоrd Fiеstа

Овој модел хармонично комбинира лаконски дизајн, агилност и економичност. Со моќност од 105 коњски сили и обем на мотор од 1,6 литри верзијата дава потрошувачка при градско возење од 7,4 литри на 100 километри.

Pеugеоt 208

Во зависност од модификацијата таквите автомобили се снабдени со мотори со моќност од 70 до 130 коњски сили и се со работен обем од 1.2-литри. За 100 киломтри пат при тешки услови и со чести запирања во град еден ваков автомобил троши меѓу 5,9 и 7,5 литри бензин.

Skоdа Fаbiа

Градскиот чешки хечбек со 1.2-литарски мотор и 70 коњски сили троши 5,5 литри гориво во градски услови. За модел од 1.6-литарски мотор и 105 коњски сили потрошувачката скока до 7,5 литри при градско возење, што е добро постигнување.

Vоlkswаgеn Gоlf

Најпродаваниот автомобил во Европа спаѓа во ова рангирање поради новите мотори со мал работен обем и поради одличната аеродинамика. Со моќност во опсег од 90 до 150 коњски сили, потрошувачката на гориво варира од 5,5 до 6,7 литри на 100 километри.

Sеаt Lеоn

Автомобилите Sеаt Lеоn oд трeта генерација имаат повеќе предности во однос на економичноста во споредба со моделите од прва генерација. Потрошувачката на гориво на 100 километри е речиси половина. Сега автомобилот со обем од 1.8-литри троши 7,1 литри место 12 литри на 100 километри. Во исто време моќноста се има значително зголемено од 125 на 180 коњски сили.

Оpеl Соrsа

Четвртата генерација на моделот Оpеl Соrsа e економичен бензинов автомобил со обем на мотор од 1000 кубици и моќност од скромните 65 коњски сили. Сепак, овој автомобил троши само пет литри гориво на 100 километри. За модел со 1.6-литарски мотор оваа бројка е 7,9 литри, но моќноста доаѓа дури до 150 коњски сили.

Smаrt FоrTwо

Малиот автомобил Smаrt FоurTwо заслужува особено внимание. Тој е опремен со 900 кубици бензинов мотор со моќност од 90 коњски сили. Апетитот на „дететот“ е ограничен до 4,3-4,6 литри на 100 километри при градски услови. Ова превозно средство не е наменето за рурални области или лошо асфалтирани патишта, но, сепак, е иделано за градот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK