Британскиот магазин AutoExpress традиционално прави рангирање на најдобрите половни автомобили по категории за претходната календарска година.
Така за најдобар половен градски автомобил изгран е Skoda Citigo, а во категорија супермини автомобили победник е SEAT Ibiza. Уште една награда чешкиот производител доби во категоријата за најдобар компактен фамилијарен автомобил. Наградата во оваа категорија замина за моделот Octavia.
Vauxhall Insignia Grand Sport е најдобар половен автомобил во категоријата на фамилијарни автомобили, а во мали кросовери победник е Citroen C3 Aircross. Renault Kadjar е најдобар во категорија на кросовери со средна големина, а од големите кросовери најдобар е Kia Sorento.
За најдобар половен автомобил одбран е SEAT Ibiza.
Во останатите категории најдобри се:
Volkswagen e-Golf,
Toyota Prius,
Porsche 911,
Ford Fiesta ST,
Mazda MX-5,
Audi TT,
Citroen Grand C4 Picasso,
Mercedes S-Class,
Volvo S90,
Jaguar XE
Skoda Superb Estate.