Електричните автомобили, од година во година се се повеќе и повеќе популарни во Велика Британија. Тоа најдобро може да се забележи и од постојаниот тренд на зголемување на продажбата на овие автомобили.
Во насока на уште поголема популаризација на овие автомобили оди и одлуката на британскат влада според која за овој тип на автомобили се плаќа поовлстена стапка на данок, а сопствениците во целост се ослободени од т.н. патен данок (патарина).
Еден од најчитаните интернет портали за автомобилизам во Велика Британија, autocar, на својата интернет страна ги објави најдобрите 10 електрични автомобили за 2018 година во Велика Британија. При тоа, во рангирањето земени се во предвид техничките карактеристики на автомобилите, нивната издржливост, дизајнот како и цената.