Кои се најчудните правила за движење по патиштата низ светот?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се подготвувате да заминете во странство секогаш е добро да знаете какви се правилата кои важат во одредени земји. Оттаму добро е да се прочитаат некои од тамошните закони односно работите кои се поставуваат во прв план кога се работи за управувањето на автомобили.

Затоа, проверете го списокот и може да дознаете нешто важно кое не сте го знаеле за земјата во која планирате да патувате.

Франција: Тест за алкохол
Во земјата на виното контролата односно трезвеноста зад воланот е многу важна. Секој сопственик на автомобил треба да има алкотест во делот за нараквици. Дoколку го нема, ќе треба да плати казна од 11 евра.

Напуштајќи ја лентата, секој може да се тестира за способноста да управува превозно средство. Тоа важи и за мотоциклистите. Дозволеното ниво на алкохол во крвта во Франција, како и во повеќето други европски земји е 0,5 промили.

ОАЕ: Предност за камила на патот
Во Обединетите Арапски Емирати камилите имаат право да поминат по кој било пат. Ова не само што мора да се земе предвид, туку мора и да се спроведе на дело доколку ситуцијата на патот го налага тоа.

Јапонија: Одговорност за тоа со кого патувате
Во Јапонија трезниот патник е одговорен за пијаниот возач. Се покажа дека прво треба да се уверите во трезвеноста на пример на возачот на таксито пред да влезете во возилото.

Меѓудругото, прскањето на пешак со вода од локва, во Јапонија исто така се смета како сообраќаен прекршок и затоа ќе мора да платите казна од 6.000 јени (46 евра).

Финска: Право на радио
Возачот на такси во Финска треба да плаќа такса од 30 евра годишно за правото да го вклучи радиото за своите патници. Има логика: слушањето на музичка композиција е еквивалентно на обезбедување на клиентот со дополнителни бизнис услуги. Затоа во секое побуџетно такси во Финска царува тишината.

Мексико: Бричење и шминка
Во Мексико секој возач подлежи на сериозна парична казна за обид за бричење додека вози. На жените, пак, не им е доволено да се шминкаат зад воланот додека се на пат.

САД: Бикини и горила
Според „Дејли мејл“, женте во државата Кентаки во САД имаат право да возат автомобил по бикини само при еден услов: таа треба да има оружје во автомобилот за самозаштита или кордон од два полицајци кои ќе се грижат за нејзината безбедност.

Во државата Масачусетс има посебно правило за вљубениците на миленичиња горили. Доколку имате такво и секогаш патувате со него, тогаш треба да знаете дека горилата треба да седи со поставен заштитен ремен на седиштето до вашето. Оставањето на домашниот миленик на задното седиште е поврано со казна од неколку стотици долари, како и ризик да се збогувате со домашниот миленик воопшто (органите на прогонот се должни да го предадат животното на соодветните органи).

Во Алабама не можете да возите со заврзани очи. Колку и да звучи бесмилено можеби некој навистина се трудел да импресионира некој пријател со тоа колку добро го познава патот кон дома и може да го покаже патот со заврзани очи. Затоа подобро не се обидувајте да го повторите овој подвиг во Алабама.

Канада: Санки со ѕвона

Некој може да го прими ова како многу романтично, но за некои е чудно. Сепак, во провинцијата Онтарио во Канада за време на Божиќ многумина се забавуваат така што се движат со санки, кои се влечени од коњи и тоа на автопат. На тој начин мекиот снег, топлото варено вино и ѕвоната му поагаат на некого да се подготви за празникот. Основното правило е да се внимава на ѕвоната: треба да има најмалку две од нив.

Швајцарија: Недела – ден за одмор
Во Швајцарија не можете да го перете вашиот автомобил во недела. Задоволни од стандардот на живот, Швајцарците не сакаат да го прекинуваат заслужениот ден за одмор поради бучаа која се прави од машината за перење. Сè е логично.

Германија: Без запирање

Кога патувате о свтки познатите автопати во Германија, упретходно уверете се дека имате доволно гориво во резервоарот. Забрането е запирање без особена потреба на магистралата, а техничкото запирање поради невозможност да се продолжи понатаму се изедначува со категоријата „без посебна потреба“. Радува тоа дека можете да заминете откако ќе се јавите во специјалната служба. Тогаш тие ќе ви донесат бензин, но, сепак, ќе мора да патите парична казна.

Шпанија: Не ги заборавајте очилата
Во Шпанија, доколку некој носи очила со диоптер, тогаш според законот треба да има резервен пар во автомобилот заради сопствена безбедност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK