Кои се финалистите на избор на „Светски автомобил на годината“

ОБЈАВЕНО НА:

Еден „нормален автомобил“ во борба против две електрични возила. Тоа ќе биде изборот за главната награда. Резултатите ќе бидат познати на 20 април.

Откако веќе беше одбран автомобилот на годината во Европа за 2021, титула што ја понесе моделот Toyota Yaris сега и организаторите на изборот за „Светски автомобил на годината“ ги објавија имињата на финалистите во категориите на годинашното издание.

Победникот во изборот како и категориите каде има номинации, ќе бидат објавени на 20 април. Покрај главната награда за „Светски автомобил на годината“ ќе има победници и во неколку други категории.

Во изборот гласаат 90 новинари од 29 држави. Во изборот на финалистите за главната награда беа: Honda-e, Toyota Yaris, Volkswagen ID.4, Audi A3, BMW 2 Series Gran Coupe, BMW 4 Series, Kia K5, Kia Sorento, Mazda MX-30 и Mercedes-Benz GLA. Но, потоа листата беше скратена на само три модели.

Финалистите во главната категоријa и подкатегориите во Изборот за 2021 година се:

Светски автомобил на годината 2021 година
– Honda-e
– Toyota Yaris
– Volkswagen ID.4

Светски градски автомобил на годината 2021 година
– Honda-e
– Honda Jazz/ Fit
– Toyota Yaris

Светски луксузен автомобил на годината 2021 година
– Land Rover Defender
– Mercedes-Benz S-Class
– Polestar 2

Светски спортски автомобил на годината 2021 година
– Audi RS Q8
– Porsche 911 Turbo
– Toyota GR Yaris

Светски автомобилски дизајн на годината 2021 година
– Honda-e
– Land Rover Defender
– Mazda MX30

Актуелен победник од 2020 година е Kia Telluride.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK