Oд страна на AMCI (Truster Automotive Brand Study) беше направена анализа за автомобилските брендови во кои купувачите имаат најголема доверба. Студијата покажа дека традиционалниот фокус на произведувачите кон квалитетот, задоволството и елиминацијата на проблемот имаше малку врска со довербата на клиентот во одреден бренд.
Проучувањето покажа дека авто брендовите мора да се насочат кон три основни начела и тоа: компетентност, интегритет и емпатија.
Во тоа најдобро се снаоѓа Alfa Romeo, бренд во кој владее уверување дека постојано има проблеми со неговите автомобили. Италијанскиот премиер произведувач освои 51 од можните 100 поени и така стана луксузен бренд на кој најмногу му се верува.
Доверба во луксузните брендови
„За ова најзаслужни се новите бизнис модели на компаниајта кои на корисникот му даваат можност за контрола на неговите интереси“, вели Јан Бејвис од AMCI.
Alfa Romeo зад себе ги остави прочуените Porsche, Audi, Mercedes-Benz, Volvo, Jaguar, BMW.
За утеха на конкуренцијата е тоа што повеќето луксузни брендови напредуваaт, а единствените кои паднаа на рангирањето се Tesla, BMW и Infiniti.
Доверба во брендовите за широки маси
Од друга страна, во конкуренцијата на брендовите за широки маси најдобри оценки доби јапонската Honda, пред сè поради грижата за клиентите во текот на повлекувањето на воздушните перничиња Takata.
Најголемиот позитивен скок го оствари Mazda, а ја следи Hyundai. Двата бренда воведоа нови програми за поддршка на клиентите. AMCI својата студија ја направи на околу 2500 сопственици на автомобили од 34 различни брендови. Со студијата беа опфатени само оние сопственици кои му се верни на ист бренд барем пет години.