Кои половни автомобили се најпопуларни во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Сите сакаме да имаме нов автомобил, но некои повеќе решаваат да купат возило што е веќе користено, а со малку километри, и потоа брзо да го сменат за друго возило, и така често да имаа различни возила, понекогаш и доста сочувани, па и поевтини. Користените автомобили последниве години се многу популарни во Македонија, па освен што беа увезени и квалитетни и сочувани возила, за евтини пари се внесе и голем крш, што во голема мера влијае на загадувањето.

За разлика од кај нас во Европа, популарните половни возила не се стари по 15-20 години. На листата на петте најпопуларни автомобили се наоѓаат возила од брендовите на Vw, Audi, BMW и Mercedes. Во Европа пракса е возилата да се менуваат на 4-6 години, па затоа и половните изгледаат доста сочувани.

Авто плацевите во Европа се полни со различни автомобили, и тоа за сечиј вкус. За оние со подлабок џеб има и полуксузни возила, а ако сепак не сте при пари во мометот, а сакате добро возило тогаш сигурно ќе посакате да го имате Е46 320D, односно четвртата генерација на BMW 3 series. Цената на овој модел почнува од 1.250 евра.

Сепак за многумина најдобрата понуда во однос на староста, изминатите километри и цената е моделот Е90, односно петтата генерација на BMW 3 series. И тоа во било која верзија. Тоа е модело што се произведувал во периодот од 2005 до 2012 година, Често се наоѓа кај авто дилерите и со километража помала од 100.00 извозени километри.

2. На второто место доаѓа Volkswagen Golf. Во многу земји тој е култен автомобил, и по него и Ц сегментот се нарекува „голф сегмент“. Секоја генерација си има свои маани, па истото важи и за секоја опција на мотор. Најпроблематични се 1.2 и 1.4 TSi моторите, а најмногу се бараат дизелските агрегати. Се препорачува избегнување на DSG менувач кој се покажал како доста проблематичен.

3. BMW series 5
Кога се зборува за луксузно возило од средна класа, тогаш серија 5 ги исполнува сите каратеристики на она што се бара. Токму серија 5 е втор најпродаван модел на компанијата, по серија 3. А кога има милиони купувачи на нови возила тогаш сигурно и ако го земете како половно нема да погрешите.

4. Audi A4
Ако имате Audi A4 и ви запне проблем со делови, можете да се потпрете на Volkswagen Passat. Секоја генерација на A4 има повеќе од една заедничка каратеристика со VW Passat. Одредени компоненти се заменливи со други од А4 и Passat. Уште еден добар бонус, било да е механички или електронски. Цената зависи од тоа што сакате. Колки пари – толку музика.

5. Mercedes-Бenz C Class
Германците секогаш биле на цена, особено кај оние што сакале да возат автомобил и да не се грижат многу. Затоа и кога се купува вакво автомобил тој зад себе има доста изминати километри. Проблем е и цената, бидејќи знае да биде и малку повисока од оечкуваната. Но, тоа е кога имате квалитет, па освен редовен сервис нешто други и нема потреба да правите на автомобило. Пали – вози.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK