Со кои европските авиокомпании да се возите: Рејтинг на Skytrax

ОБЈАВЕНО НА:

Азиските авиокомпании се наоѓаат на врвот на ранг-листата на најдобрите фирми коишто се занимаваат со овој бизнис на листата која ја подготвува специјалниот авијациски сајт, Skytrax. Тоа е веќе традиционално така што не е никакво изненадување.

Европските компании имаат навистина проблем да се задржат на врвот со силната конкуренција, а интересно е тоа што последен пат некоја компанија од Европа била на врвот дури во 2006 година. Тогаш British Airways се најде пред другите на листата на Skytrax, но после ова веќе се загуби битката со азиските компании.

Годинава во топ 20 има 5 авиопревозници од Европа.  Само еден се наоѓа во топ 10 компаниите, а тоа е премалку,

Класификацијата која што ја изработува Skytrax се прави на впечатоци од 19,87 милиони патници од 105 различни земји. Истражувањето се прави на повеќе од 325 авиокомпании, а при изработувањето на листата се користат 49 параметри.

ТОП 10 ЕВРОПСКИ КОМПАНИИ

10. Virgin Atlantic Airways (генерален пласман – 33)

9. Aeroflot Russian Airlines (генерален пласман – 30)

8. Norwegian (генерален пласман – 28)

7. Finnair (генерален пласман – 25)

6. KLM Royal Dutch Airlines (генерален пласман – 22)

5. Air France (генерален пласман – 18)

4. Austrian Airlines (генерален пласман – 17)

3. Swiss International Air Lines (генерален пласман – 14)

2. Turkish Airlines (генерален пласман – 12)

1. Lufthansa (генерален пласман – 7)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK