Со пораст во реализацијата од неверојатни 112% во вториот квартал од 2018 година, господар на електричните автомобили (100% електрифицирани и plug-in хибриди) на европскиот пазар на нови возила во Европа е првиот во светот масовно достапен електромобил – Nissan LEAF.
Според податоците преземени од www.ev-volumes.com, во првите шест месеци од годината продажбите на Nissan LEAF во Европа го достигнале нивото од 18.080 единици, што претставува зголемување од 58% во однос на првата половина од 2017 година. На второто место според порастот од 17.394 возила е Renault ZOE (1 процент), додека третото место е за BMW i3 со подобрување од 10% до 11.348 примероци.
Во топ 10 на најпродаваните електрични автомобили во Европа во првата половина на 2018 година влегуваат исто така и Mitsubishi Outlander PHEV (-2%, 9771), VW e-Golf (+160%, 9820), Tesla Model S (+14%, 7700), VW Passat GTE PHEV (+19%, 7390), BMW 530e (+269%, 5825), Volvo XC60 PHEV (+9880%, 6587) и VW Golf GTE PHEV (+83%, 5939).
Кај брендовите со најголем успех на пазарот на електрифицирани автомобили во Европа за првата половина од годината може да се пофали BMW со 35.450 продадени возила (+29%), а потоа следуваат VW со 33.700 (+44%), Renault со 21.400 (+10%), Nissan со 19.300 (+425) и Daimler со 18.800 (+35%). Се насочува особено внимание кон огромниот развој на Hyundai-Kia со пораст од +234% и Volvo со +164 %.