Познато е дека производната цена на секој автомобил е далеку под продажната. Крајната цена зависи од многу различни фактори, како царина, даноци, транспорт, но секако тука влегува и процентот или фиксната сума што фабриката ја става во производната цена и ја смета за заработка.
Секоја компанија настојува да има што поголема заработка, бидејќи од тие пари потоа се финансира маркетингот, но и многуте развојни проекти. Сите мислат дека заработката зависи од сумата или дали станува збор за ексклузивен модел или не.
Според достапните податоци за секои 100 евра од продажбата на автомобили, BMW има профит од десет евра и, според новата студија, баварската компанија заработува најмногу од секој продаден автомобил.
Втората најпрофитабилна компанија по седиштето во Минхен е Suzuki a третиот e Daimler, додека Volkswagen е само осми. Според истражувањето на консултантската фирма “Ернст енд Јанг” (EY), ниту еден друг производител не го надминал БМВ во однос на продажбата и оперативниот профит минатата година.