Вечна тема е кој автомобилски бренд е најдобар, кој најмногу по сакаат луѓето, а во модерното време и ерата на интернет секој сака што е можно повеќе да се наметне на оние што се на глобалната мрежа. Над 300 милиони луѓе преку Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб ги следат брендовите што најмногу ги сакаат. Дигиталната агенција за управување со податоци www.suchdialog.de дава одговор на ова прашање.
Тие предвид ги земале сите канали на социјалните мрежи. Според направеното истражување победник е Mercedes Benz! Сребрената ѕвезда има околу 47,7 милиони следбеници на сите социјални мрежи, што е најмногу.
Интересно е што во Топ-3 се наоѓааат само германски брендови. На второ место е BMW со околу 45,9 милиони фанови. На трето место е Volkswagen со 40,9 милиони проврзаници.
При анализирање на податоците дојдено е до заклучок дека најбројни се оние на Фајесбук, речиси 200 милиони го следат различни автомобилски брендови.