Кои автомобили најчесто имаат сообраќајки?

ОБЈАВЕНО НА:

При изборот на автомобил кој е користен, секој се обидува да направи избор според сопствените убедувања, но и можности. Сите купувачи бараат автомобил, кој е технички исправен, добро одржувана и да не е удрена. Вообичаено е да се повикуваме на различни статистики направени во Европа или САД. Но, вакви податоци има и во Русија која исто така е голем пазар на продажба на автомобили.

Порталот од Русија, auto.ru направи рангирање на автомобилите, кои спаѓаат во возила за патен сообраќај. Рејтингот е направен после анализа на стотици илјади објави за продажба. Значи се работи за возила што се понудени за продажба.

Се покажало дека најчесто сообраќајки со автомобилите имаат сопствениците на Jaguar. Околу 40% од автомобилите од брендот од Велика Британија, објавени за продажба се удрени. Второто место е за Honda и за луксузниот бренд Acura со 38%.

Следуваат Аudi cо 37%. BMW, Infiniti, Mаzdа и Mеrсеdеs-Bеnz, кои имаат еднаков резултат од 36% на упоребувани автомобили од секундарниот пазар кои доживеале сообраќајка.

СЕКУНДАРЕН ПАЗАР

БРЕНДОВИ СО НАЈМНОГУ СООБРАЌАЈКИ

Jаguаr   40%

Асurа    38%

Hоndа   38%

Аudi       37%

BMW     36%

Mеrсеdеs-Bеnz                36%

Infiniti   36%

Mаzdа  36%

Оpеl      35%

Lеxus    35%

Направена е и табелата на одделни модели, која изгледа поразлично.

Најчесто несреќи имаат сопствениците на Оpеl Аstrа ОPС и тоа 63%. Најретко, пак, во сообраќајки учествувале автомобилите Lеxus IS и Rеnаult Сliо.

СЕКУНДАРЕН ПАЗАР

АВТОМОБИЛИ СО НАЈМНОГУ СООБРАЌАЈКИ

Оpеl Аstrа ОPС 63%

Hyundаi Еquus  53%

Асurа MDX         49%

Саdillас СTS         48%

Pеugеоt 4008    48%

Hоndа Сiviс         47%

Hyundаi Gеnеsis              47%

Jаguаr XF             47%

Lеxus IS                46%

Rеnаult Сliо        46%

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK