Колку е важен моделот Octavia за Skoda покажува и фактот што за неговата промоција е организиран специјален настан во Прага. Автомобилот, кој беше претставен во караванска верзија се одликува со емотивен дизајн, голем број ажурирани и нови технолошки решенија, плаг-ин хибридна верзија и зголемени димензии и функционалност.
Кога ќе кажете Skoda секогаш во мислите поминува и името OCTAVIA. Тоа е еден од главните белези на чешката марка која последниве децении не само што нуди квалитет за парите туку и многу повеќе од тоа. И како доаѓаат новите модели така и Skoda држи чекор со времето, технологијата и трендовите. Она што го нуди Octavia секако е само продолжување на успешната приказна што треба да има нова серија што треба да донесе дузина задовлни клиенти.
Колку е важен моделот Octavia за Skoda покажува и фактот што за неговата промоција е организиран специјален настан во Прага.
Автомобилот, кој беше претставен во караванска верзија се одликува со емотивен дизајн, голем број ажурирани и нови технолошки решенија, плаг-ин хибридна верзија и зголемени димензии и функционалност.
Octavia може да биде и семејно возило и службено. Ги задоволува сите карактеристики и барања за удобност, препознатливост и пред се функционалност. Ќе се радуваат сите, и оние што возат и тие што се превезеуваат, на кратки релации или на одмор. Има доволно простор за сите и за целиот планиран багаж.
За прв пат во новата генерација на Octavia компанијата исто така нуди опција за нарачување на хед-ап дисплеј, целосно нови седишта Ergo седишта, систем диоден за осветлување (LED матрикс), нова верзија на менувачот кај автоматската трансмисија, тризонска климатизација, нов управувач и целосно дигитален изглед на контролната и централна табла. Од компанијата исто така ветуваат дека новата генерација на автомобилот ќе понуди нова димензија во однос на удобноста и безбедноста во споредба со својот претходник.
Должината на новата Skoda Octavia сега достигнува 4.689 мм. или 22 мм. повеќе од својот претходник, а зголемување е забележано и во ширина – за 15 мм. до 1829 мм. Патниците на задното седиште ќе можат да се потпрат на зголемена просторност за нозете, а товарниот простор на караван верзијата веќе достигнува импресивни 640 литри (600 литри има кај хечбек верзијата).
Новата Skoda Octavia ќе дебитира со три нивоа – Active, Ambition и Style, a следната година ќе пристигне и Octavia Scout и Octavia RS. Моделот ќе биде понуден со избор на три вида суспензија, вклучувајќи и спорт за лоши патишта со зголемен клиренс од плус 15 мм..
https://youtu.be/iT-YJYHQ0uQ
Дизелската гама на новата Octavia вклучува три понуди со максимална моќност од 115 до 200 коњски сили, а хибридниот плаг-ин ќе биде достапен во две верзии на моќност – 204 и 245 коњски сили.