Светскиот шампион во Формула 1 во 2016 година го возеше целосно електричен тркачки автомобил VW ID.R на патеката Нирбургринг.
Toj го зеде електричниот тркачки автомобил so 500kW (680 KS) за да сврти круг на познатата тркачка патека во регионот Ајфел во Германија. Розберг, кој е страствен за електромобилност, вложи многу во идните технологии откако се повлече од Формула 1. Меѓу другото, тој го основаше Гринтек фестивал – настан за одржливост. Овој 35-годишник е особено фасциниран од компаните со иновативни решенија и одржливи концепти во областа на мобилноста. На Нирбургринг, тој седна за прв пат во Volkswagen ID.R во неговата друга улога како автомобилски возачт и инфлуенсер.
Розберг подоцна на своите канали на социјалните мрежи изјави дека болидот има таков перформанс што го доживеал само порано во Формула 1.
Временските богови не му беа наклонети на поранешниот шампион во Формула 1 на Нирбургринг. Сепак, и покрај дождот, ветерот и температурите под десет степени, Розберг сепак имаше насмевка на лицето додека го возеше ID.R, кој во моментов држи пет рекорди на три континенти.
Нико Розберг тестира VW ID.R
„Помина веќе некое време откако возев вистински тркачки автомобил на дожд, но веднаш се чувствував како риба во вода повторно во ID.R. Се чувствува фантастично да се вози “, рече Розберг по пробното возење. „Влечењето, забрзувањето, снагата – сето тоа беше многу познато“, рече човекот кој освои 23 Гранд При трки во текот на неговата кариера во Формула 1. „Комплименти за инженерите во Volkswagen кои завршија важна пионерска работа во областа на електромобилноста со ID.R. Работа на Motorsport е да ја промени мобилноста како целина. Тоа треба да биде платформа за тестирање и развој, со цел да се пренесе технологијата во производството.
https://youtu.be/HkzXlPQyNMw
Во меѓувреме, Volkswagen Motorsport продолжува да ja збогатува успешната приказна со ID.R. Електричниот тркачки автомобил во моментов има пет рекорди: како и рекорди на сите времиња на Пикес Пик во Колорадо (САД), на ридот Гудвуд (В.Британија), планината Тјанмен (Кина), тој исто така поседува рекорд во круг за целосно електричен автомобили во Нирбургринг-Нордшлајфе (Германија) и Билстер Берг (Германија).
Целта е Volkswagen e да лансира повеќе од 20 целосно електрични возила до 2025 година.