Кога студeнтскиот сон станува реалност – се роди Skoda Slavia

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda има убава традиција, им дозволува на студенти од нивното стручно училиште да дизјанираат автомобил како концепт. Овојпат тоа се случува по седми пат, и во дизјанот на овој концепт учествуваа 31 студент. Така ја создадоа Skoda Slavia.

Концептот го поврзува минатото со сегашноста: концептот со отворен покрив Skoda Slavia и оддава почит на годинешната на Skoda Auto што се одбележува оваа година и на првите велосипеди произведени од Вачлав Лаурин и Вашлав Климент откако ја основаа компанијата во 1895 година.

Варијантата со отворен покрив е варијанта на Skoda Scala и комбинира смели и возбудливи линии на современиот компактен модел со заеднички дизајн од најраните денови на моторизирање, кога повеќето автомобили беа возила со отворен покрив.

Од првиот нацрт до изградбата на овој концептен автомобил, студентите го завршија секој чекор сами со поддршка од своите инструктори, како и експерти од Skoda во одделите за дизајн, производство и технички развој.

Овoj седми студентски автомобил во Skoda од 2014 година, уште еднаш го покажува високиот стандард на обука во стручното училиште Skoda во Млада Болеслав.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK