Европските ски центри се подготвуваат за отворање на новата сезона. Фановите на зимските спортови наскоро ќе бидат во можност да се радуваат на скијањето во Австрија, Франција, Италија и Андора.
Први своите „врати ги отворија“ австриските Кицбил и Каунертал, кој не е далеку од Инсбрук. Таму скијачите и сноубордерите почнаа да скијаат уште на средината на октомври. Кон крајот на овој месец ќе им се придружат и Хинтерштодер, каде сезоната официјално почнува на 30 ноември, како и Гросарлтал и Обертраун.
Во поголемиот дел од астриските центри сезоната ќе биде отворена во декември, но тоа ќе биде во зависност од временските услови. Популарниот центар Лекс почнува на 8 декември, Мајерхофен на 1 декври, а Ишгил на 22 ноември.
За зимската сезона може да се подготват и оние кои претпочитаат да скијаат на француските Алпи. Патеките на најпознатиот ски-центар во Франција, Шамони ќе бидат подготвени за користење од вљубениците во зимските спортови веќе од 8 декември. Истиот ден почнува сезоната и во Куршевел, како и во „Трите долини“. Една недела порано почнува центарот Алп д’Јуез, додека популарниот зимски центар Мегев, кој вклучува три зона се отвора на 22 декември.
На планинскиот венец Доломити, каде се наоѓаат најдобрите ски центри во Италија стартот на сезоната е планиран за 30 ноември. На тој ден ќе почнат да работат и ски лифтовите во ски центрите Вал Гардена, Мадона ди Кампиљо и Кортина д’Ампецо. Исто така на крајот на ноември сезоната почнува и во италијанскиот регион Трентино.
Најголемата ски зона на Пиринеите, Грандвалира сезоната ќе ја открие на 1 декември. Тој ден ќе почне официјално скијањето и во Валнорд, додека патеките на ски центарот Канило се отвораат на 2 декември.
Во Банско отворањето на ски сезоната е планирана за 15 декември.