Тјунинг компанијата Carlex Design изработи „Maybach pick-up”, а како основа на необичната преработка користеше Mercedes X-Classe . Ова „pick-up“ е одличeн и нуди повеќе можности, а секако една е и влечење на јахти што одлично му оди на ова преработено возило со натписот Maybach.
За Carlex X-Classe од Maybach S650 Cabriolet е “позајмена” маската од ладилникот и полираните алуминиумски тркала, а и внатрешноста на автомобилот е обложена со кожа во двобојна комбинација каква што се нуди во одредени модели на Maybach.
Поголемиот дел од каросериските компоненти кои оваа Х-класа ја одвојуваат од стандардниот модел се направени од карбон, а за впечатлииот изглед дополнително се засилува со двонасочна каросерија, нови браници и значително проширени калници.
Со натписот „Yachting Edition” доаѓаат и елементи од дрво кои треба да бидат потсетник на светот на луксузните хахти, а мешу интересните детали секако се наоѓаат и предните седишта Recaro Sportster кои исто така се обложени со кожа.
Carlex Design за целата работа (вклучувајќи го и автомобилот) бара 105.000 евра.
Ако имате чамец и пари колку што чини овој модел тогаш сигурно ќе бидете презадоволни, и сите ќе ви завидуваат.