И кога слабо се продава нема конкуренција – Golf останува да владее во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Иако има значителен пад на продажбата во првите седум месеци од годината, Volkswagen Golf продолжува да доминира на европскиот автомобилски пазар. Според податоците на агенцијата Focus2Move, најдобро продаваниот модел на германската компанија има 319.238 продадени возила за периодот јануари – јули 2017, што претставува намалување од 10,9% во споредба со истиот период минатата година.

На второ и трето место, со минимална разлика се наоѓаат Volkswagen Polo и Renault Clio. Додека кај првиот модел, Polo се забележува подобрување на побарувачката од само 0,2% и им апродадени 234.877 возила, францускиот модел се продава одлично и има зголемување од 10,7 %, односно 226. 606 единици.

Во Топ 10 на најпродаваните нови автомобили во Европа од почетокот на годината се наоѓаат уште: Ford Fiesta (-5.3% – 178.097 возила), Nissan Qashqai кој се качи за една позиција во споредба со минатата година (+ 6.7%, – 174.357 ), Opel/Vauxhall Corsa (-8.2%, – 159.166), Opel/Vauxhall Astra (+ 2.8%, – 158.777), Skoda Octavia (-2.1%, – 156.446), Peugeot 208 (-1.2%,- 156.261) и Ford Focus (+ 5%, – 156.250).

Според податоците на Focus2Move, со најсериозен раст во побарувачката во споредба со минатата година има SUV моделот Seat Ateca. Во првите седум месеци од годината, пријавени се 34.333 продадени возила, што претставува подобрување од над 1.300 проценти

На второ место, по шпанскиот автомобил застанува Fiat Tipo со раст од 170 отсто односно 78.170 единици, а на трето е Peugeot 3008 со зголемување од 128 % и 90.356 продадени автомобили

Следете не и на:

24AUTO NETWORK