понеделник, 25 јули, 2025 година

Кога Seat го прикажа Tribu и ја најави СУВ експанзијата на шпанскиот бренд

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во година кога недостасуваат саемите за автомобили, а повеќе од сигурно дека нема да ги видиме и следната година, време е да се потсетиме за еден новитет, односно концепт кој Seat го прикажа на саемот за автомобили во Франкфурт во не толку далечната 2007 година.

Станува збор за концептот Seat Tribu кој иако нема официјални најави сепак се очекуваше дека ќе влезе во сериско производство најдоцна до 2010 година. Малкумина веруваа дека токму Tribu ќе биде предвесник на една експанзија од модели што ќе следи, но не во времето кога се претпоставуваше.

- Advertisement -

Tribu, како што може да се забележи од фотографиите кои се појавија на интернет требаше да биде првиот SUV на Seat со што конечно и шпанскиот производител ќе дебитира во овој сегмент кој од година во година станува се повеќе и повеќе популарен.

Дизајнер на овој модел кој е со три врати е Донкерволке, а истиот се темели на VW A5 (PQ35) платформата која се користи кај уште неколку модели од VW групацијата. Оттука овој модел ќе ги дели моторите како и останатите механички елементи заедно со VW Tiguan.

Овој концепт никогаш не го дочека своето сериско производство, но беше предвесник на SUV експанзијата на овој бренд.
Па сега во Seat ги има моделите Arona, Ateca, Tarraco ….
Никогаш не е доцна…

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја