Колекцијата на важни, убави и значајни артефакти датира од антички времиња. Музеите не само што го претставуваат раскошот и историја на овие предмети пред многубројните обожаватели, туку и чуваат едно уникатно историско богатство за идните генерации.
Во продолжение ќе можете да видите едни од најпознатите и импресивни музеи, кои ги поздравуваат патниците од целиот свет.
Музеј Мадам Тисо, Лондон
Музејот на Мадам Тисо е меѓу омилените места за посета на туристите, кои одлучиле да се прошетаат низ Лондон. Тој е познат по восочните фигури, кои ги покажуваат познатите личностии е откриен од восочниот скулптор Мари Тисо. Мари ја создала својата прва восочна фигура, таа на Жан-Жак Руси, а потоа ги моделира другите познати личности како Волтер и Бенџамин Френклин.
Во музејот тематски се покажани статуи од восок во природна големина на славните. Таму ќе ве поздрават Хенри VIII и неговите шест сопруги, кралицата Елизабета II и кралското семејство, познати спортисти, телевизиски и филмски супер ѕвезди.
Музеј на транспорт, Единбург
Зградата на Музејот на транспорт е изградена во 2011 година од легендарниот архитект Заха Хадид и денес е еден од најпосетуваните и интересни објекти во главниот град на Шкотска. Сместен е во близина на реката Клајд, на местото на старото бродоградилиште, во индустриската област на градот.
Изложбениот музеј се состои од 3000 експонати, а во на се претставени парни бродови, моторни возила, бородови, чамци, трамваи, локомотиви и ретро автомобили. Развојот на транспортот во земјата е претставен на најинтересен и импресивен начин.
Глазгов е апсолутно доминантен во бродоградбата и точно тоа го возбудува интересот на туристите во градот.
Унгарски национален музеј, Будимпешта
Националниот музеј на Унгарија е изграден меѓу 1837 и 1847 година и претставува еден од големите проекти во епохата на реформи на почетокот на 19. век. Главната атракција во музејот е репликата на круната на кралот Иштван, кој управувал во периодот од 1000 до 1038 година.
Самото присуство на таквата импресивна зграда со своите експонати игра значајна улога во развојот на унгарскиот национализам. Двата најголеми експонати во музејот, кои може да се видат таму се: Историјата на луѓето од Унгарија во епохата на палеолитот до унгарската инвазија и историјата на унгарскиот народ од унгарската инвазија до 1989 година.
Музеј на историјата на уметноста, Виена
Музејот на историјата на уметноста во Виена располага со една од најбогатите колекции на скулптура и сликарство во Европа. Таму се наоѓаат различни колекции, кои ја претставуваат египетската уметност, уметноста од Блискиот исток, старогрчката и античка римска уметност. Музејот е создаден во 1891 година заедно со Музејот за природна историја спроти него, а двете згради имаат ист стил. Музејот за историјата на уметноста е изграден во ренесансен стил, дизајниран од Готфрид Земпер и Карл фон Хасенауер. Едно од најатрактивните места во зградата е кафулето кое привлекува посетители како магнет со својата убавина и пријатност.
Музеј на каталонската уметност, Барселона
Прекрасниот музеј на каталонската уметност е сместен во Националната палата на Барселона. Колекциите на музејот вклучуваат римска уметност, готска уметност, ренесанса, барок, модерна уметност, цртежи и графика, како и фотографски дел. Првично беше отворен во 1934 година, а музејот беше затворен за време на граѓанската војна во Шпанија.
Повторно е отворен во 1942 година. Пред него се познатите фонтани на Барселона, кои се вистинска атракција за туристите во градот затоа што водата се движи во придружба на музика и прекрасни светла кои ја менуваат својата форма. Музејот го фасцинира секој патник со својата локација, а се открива прекрасен поглед на неповторливата Барселона.
Националниот музеј на Азулежу, Лисабон
Тоа е едно од најпосетуваните и амблематични места во Лисабон. Музејот е сместен во манастирот на Богородица, претставувајќи богата колекција на украсни керамички плочки, а датира од 15. век до денес. Музејот е основан во 1965 година како дел од Националниот музеј за античка уметност и стана независен музеј во 1980 година. Највеличенствените плочки се направени во 16. и 18. век, кога се создадени огромни панели со неверојатна изработка и внимание на деталите. Плочките Азулежу имаат не само декоративно, туку и практично значење бидејќи штитат од влага.
Галерија Уфизи, Фиренца
Оваа галерија е изградена во 1581 година во неверојатната Фиренца на барање на Франциско де Медичи. Архитектурата на зградата е дело на Џорџо Вазари, еден од најпознатите архитекти од Италија. Галеријата Уфизи е залепена до палатата Медичи и продолжува дури до реката Арно, ри што самата зграда била изградена со доста брзо темпо за тие времиња. Галеријата УФИзи е најпознатиот музеј во Фиренца, во кој се претставени уникатни уметнички дела од различни епохи, вклучувајќи дела од огромната колекција медичи. Има слики и скулптути она Џото, Микеланџело, Рафаело, Рубенс, Тицијан, Леонардо да Винчи и други.
Уметничка галерија Брера, Милано
Таа претставува вистински скапоцен камен во срцето на Милано. Создадена е во 18. век и содржи 38 сали во кои се сместени некои од најзначајните збирки во Италија. Во галеријата се претставени дела на големи мајстори кои се претставници на Венецијанската школа, Ломбардската школа и од Централна Италија. Во галеријата може да се видат и едни од најимпресивните уметнички дела создадени од уметници како Караваџо, Донато Браманте, Џовани Белини и други. Една од највредните слики во галеријата е „Свадбата на Дева Марија“ на Рафаел Санџо. Значаен дел од делата се состои од портрети, големи платна, религиозни теми и многу повеќе.
Океанографски музеј, Монако
Изграден е на карпа во Монако и има уникатен поглед кон морето. Основан е од принц Алберт I, а зградата на музејот била проектирана како дворец посветен на уметноста и науката. Таму може да се видат повеќе од 6000 морски видови во нивното природно живеалиште. Зградата е поделена на три различни делови: видови од Средоземното море, тропските води и базен на ајкулите. Музејот, или како што е познато, „Аквариумот“ е еден од најстарите во светот.
Историски музеј, Каиро
Во музејот во Каиро се чува една од најценетите реликвии во целиот свет. Таму се наоѓаат приближно 120.000 експонати, кои ги опфаќаат сите историски периоди во Древен Египет. Во музејот може да се видат околу 1700 предмети од гробницата на Тутанкамон, изложени во 12-те простории на вториот кат, каде што се наоѓа и посмртната маска на фараонот. Зградата на музејот се наоѓа во центарот на градот (на плоштадот Ат-Тахрир) и е изградена во 1900-тите години во неокласичен стил по проект на францускиот архитект Марсел Дунон. Музејот располага со широка колекција на хартија и монети користени во античкиот свет.