Кога и најбројната нација ти верува: BMW е број 1 луксузен бренд во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на BMW и Mini возила во Кина скокна за 39 отсто на 48.869 возила во април, и германскиот бренд станa најподаван луксузен бренд надминувајќи го и Mercedes.

Трикраката ѕвезда има скок во продажбата од 35 отсто во однос на истиот период лани, односно продале 47.627 возила, додека испораките на Audi се намалени за 6,9 отсто и продадени се 46.166 возила.

Долго време Audi беше лидер на пазарот на луксузни возила во Кина, но не успеа да го реши проблемот со дилерската мрежа откако сакаше да воспостави нов ред. Лутите дилери на Audi одбиваа да нарaчуваат нови возила и лесни камиони.

За првите четири месеци од годинава испораките на BMW се зголемени за 18 отсто, на 191.697 возила.

Континуираниот раст на продажбата на BMW го натера производителот да го дуплира производството во Кина на 600.000 возила за последните две години. Сега компанијата планира да ги надгради своите фабрики за да може во нив да се произведуваат и електрични возила.

Во Кина, BMW има заедничко вложување со домашната Brilliance China Automotive Holdings.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK