Во позадина на откажаниот специјализиран саем Techno Classica 2020, за време на кој леснотоварното одделение на Volkswagen (VWCV) требаше да ја претстави целосно електричната верзија на класиката BULLI, компанијата ги откри основните детали за електромобилот, кој е развиен согласно со компанијата eClassics.
Иако новото e-BULLI е претставено како концепциски развој, од VWCV најавуваат дека автомобилот може да биде реализиран со надоградба на класичен автомобил (T1), со почетна цена од eClassics од 64.900 евра.
Новото e-BULLI е опремено со целосно новиот елекетричен погонски систем, во кој се искористени готови решенија од сегашната понуда на Volkswagen. Четирицилиндричниот боксер мотор со внатрешно согорување (44 коњски сили) е заменет со електричен мотор со моќност од 83 коњски сили и вртежен момент од 212 Нм, што е двапати повее во споредба со класичната верзија на автомобилот.
Е-BULLI е опремен со автоматски менувач и централно поставена рачка на менувачот со четири основни позиции – P, R, N, D и B, а последната нуди можност меѓу неколку нивоа на регенерирање на енергијата на сопирачките.
Максималната брзина на движење на e-BULLI е електронски ограничена на 130 км/ч, а батеријата е со капацитет од 45 kWh и е во состојба да понуди слободен опсег од над 200 километри.