Не е никаква непознаница за дарбата и креативност на кинеските архитекти и градители. Во оваа земја може да се сретнат најразлични импресивни градби што ќе ве остават без здив.
Една таква градба е патната делница во провинцијата Чу-пеј. Станува збор за делница која со долг мост поминува низ локалната река.
Ова импресивно здание е составено од 4,4 километри долг мост кој е дел од 11 километарската делница која ги поврзува провинциите Чу-пеј и Јичанг.
Како излгеда ова импресивно архитектонско дело погледнете на видеото во продолжение.
Информативно, според податоците објавени во кинеските медиуми, целосната изградба на оваа патна делница изнесувала 70 милиони долари.