Кога Jeep би произведувал лимузини

ОБЈАВЕНО НА:

Jeep е американски производител формиран во 1943 година. Уште во првите години се прослави со своите SUV модели, па за разлика од другите производители тој се специјализираше во овој сегмент, произведувајќи најпрво, теренски возила за американската војска.

Нема никогаш произведувано автомобили, па затоа јутуберот TheSketchMonkey на својот канал на YouTube објави видео за тоа како би изгледал првиот автомобил на овој производител.

Станува збор лимузина која се базира на моделот Grand Cherokee L. Всушност јутуберот фотошопира една фотографија од овој модел.

Инаку во FCA или по ново Stellantis не ни размислуваат да Jeep почне да произведува автомобили. Прва причина за тоа е растот на популарноста на SUV моделите, а втора, е тоа што брендовите во рамките на Stellantis не би сакале да добијат конкуренција во сегменти во кои традиционално генерираат значителна продажба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK