Кога би произведувале вака би изгледал камионот на Audi

ОБЈАВЕНО НА:

Audi е познат по производство на автомобили, и тоа од премиум сегментот па и во луксузниот дел. Тие не произведуваат камиони. Кросовери да, но не и комерцијални тегначи на приколки.
За тоа ги имаат сестринските фирми како Man и scania, кои се дел од Volkswagen Truck & Bus GmbH одделот.

Но, што доколку и Audi реши да направи камион. Како би изгледал тој?

Од Audi нема ниту најави дека тие работат на нешто такво. Но белорускиот дизјанер Артем Смирнов и украинскиот 3Д моделар Владимир Панченко се здружија за да го направат можниот изглед, и понудија две различни верзии -два концепта. Двете се електрични верзии, но се целосно различни во зависност од улогата на возачот.

audi-kamion3

Оној концепт со сребрена боја покажува за целосно автономно Audi, со можност за измена во работата на батериите и спојлер што може да се распоредува според желбата а е интергриран во товарниот оквир за да помогне околу аеродинамиката на патот.

Вториот концепт е уште порадикален во облик на црвено и црно, а возачите се поставени на врвот, во отворен дел со кациги. Изгледа како нешто од Стар Ворс.

audi-kam-2

Ниту еден од концептите немаат многу смисла, изгледаат чудно. Само погледнете ги тркалата. Од друга страна ниту Audi не планира наскоро да влезе во овој бизнис. Но, никогаш не се знае што може да донесе иднината. Зад секој чекор не очекува некое изненадување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK